За ЈПП
Јавното Приватно Партнерство како модел во процесот на стерилизација и управување со хируршки отпад претставува воведување во интегрирано управување со иновативни решенија за хирургија и здравствена заштита од болничка инфекција.
ЈПП во овој сегмент воспоставува централизиран систем за стерилизација на хируршки инструменти во универзитетски клиники и болници каде што се изведуваат операции, со цел да се подобри системот за стерилизација и да се намали ризикот од инфекции што се јавуваат како резултат на хируршки процедури.
Со воспоставувањето на ова Јавно Приватно Партнерство, во период од 15 оперативни години, услугата за интегрирано управување ќе биде финансирана, креирана, имплементирана и администрирана преку 4 Регионални Центри за Интегрирано Управување со Стерилизација, сè за потребите на Универзитетскиот Клинички Центар и други Болници во Република Северна Македонија кои имаат оперативни блокови (операциони сали).
Јавното Приватно Партнерство за Интегрирано Управување со Иновативни Решенија за Хируршки процедури и болнички инфекции воведува, во реално време, “интегрирано сценарио“ на нови протоколи, нова медицинска технологија и инструменти, како и посветени човечки ресурси за имплементирање на сертифицирани стандарди за извонредност, во контролата на ризик од инфекции во операционите сали.
Концептот на интегрирани решенија, имплицира дека Приватниот Партнер е одговорен да ги креира и управува со мноштво иновативни услуги насочени кон максимална ефикасност за намалување на ризикот од болнички инфекции во операционата сала. Во основа, концептот на интегрирани решенија се однесува на интеграција на четири различни делови на активности за управување со ризик:
- Контрола на контаминација на хируршки инструменти (санирање и стерилизација)
- Контрола на вкрстена контаминација помеѓу хируршкиот тим и пациентот (стерилна опрема за еднократна употреба и чаршав за покривање на пациентот)
- Контрола на контаминација на хируршки области (ефективна дезинфекција на операционите сали и просторот околу нив)
- Управување со отпад од инфективен ризик (соодветно собирање и третман на биолошки ризичен отпад од операцијата).
Сегменти на ЈПП
- Опслужување на операциони сали
- Одржување и стерилизација на хируршки инструменти
- Третман и управување со хируршки отпад
- Мониторинг и контрола на процесите
- Развој и унапредување на услугата