Сите процеси кои го сочинуваат системот за техничка поддршка на хируршките капацитети се управуваат со помош на ИТ платформа која овозможува следење и водење на сите продецури.
Статус на залихите, увидот во испорачаното и искористеното, набавеното и потрошеното, како и контрола и надзор на третманот и реализацијата на секоја операција е обезбеден преку ИТ системот.
Прегледот на сите завршени услуги претставува основа за пресметки и фактурирање. Со овој систем се овозможува континуиран проток на информации и податоци за имплементација на активностите.