Услуги

Опслужување на операциони сали

1. Сетови со хируршки инструменти

Хируршките инструменти се поставени во метални кошници и се селектираат според видот на операцијата. Секоја кошница е обележана со бар-код кој содржи информација за видот и точниот број на инструменти. За секоја специјалност во хирургијата постојат однапред дефинирани категории на инструменти во форма на сетови - како модел и бројчано. Хирургот има можност да одбере инструменти според големина, намена и облик. На секој контејнер има соодветна пратечка документација во форма на формулар: Еден со точен број и опис на инструментите во контејнерот и втор, во чии рамки треба дополнително, во текот на процесите, да се пополнат податоци за тимот кој ја извршил хируршка интервенција, што ќе биде искористено од секој контејнер, како и количината на употребениот потрошен медицински материјал.

2. Депо за складирање

Контејнерот со сетови хируршки инструменти, заедно со потрошниот медицински материјал се складирани во депо, во рамки на секое хируршко одделение. Депото е секогаш лоцирано во зоната помеѓу „отворените“ простори за движење на цивили и „затворените“ простори каде што се движи исклучиво медицински персонал.

3. Избор и селекција на сетови со хируршки инструменти и стерилни медицински материјали

Врз основа на потребите, медицинскиот персонал кој ја координира операцијата ги одбира соодветните комплети и потребните материјали: стерилна облека, покривки за операционите маси и соодветни чаршафи за пациентот

4. Интерен транспорт до операционата сала

Главното медицинско лице - домаќин на операцијата ги поставува контејнерите со инструменти и материјалите на маса. Медицинското лице од болницата носи стерилна хируршка наметка и стерилни ракавици. Се поставуваат стерилни прекривки за една употреба на потребните површини. Домаќинот на оперативниот зафат ги отвора контејнерите и од нив ги вади металните кошници. Откако ќе ги отвори, индикаторот на контејнерот ја менува бојата од зелена во црвена. Соодветно, ги распоредува инструментите на масата за хируршки инструменти и ги пребројува. Лицето од болницата го администрира формуларот за евиденција.

5. Подготовка на пациентот и хируршкиот тим

Пациентот е внесен во операционата сала, поставен на операциониот кревет и соодветно покриен со стерилни чаршафи. Пристигнува хируршкиот тим кој ќе учествува во операцијата. Откако пациентот и целиот хируршки тим се соодветно прекриени, до операционата маса се носи „Мајо“ масата со стерилните хируршки инструменти.

6. “Мајо“- маса за хируршки инструменти

Со завршување на оваа процедура, сè е подготвено и процедурата може да започне! Доколку во текот на операцијата хирургот има потреба да користи дополнителни инструменти, домаќинот на операцијата може да побара дополна.

7. Пост-хируршки третман на пациентот и медицинскиот персонал

Домаќинот ги отстранува заштитните чаршафи од пациентот и ги става во специјална корпа за медицински отпад. Потоа, според протоколите на болницата, пациентот се изнесува од операционата сала. Медицинскиот персонал ја отстранува од себе облеката за еднократна употреба, ја фрла во корпата за отпад и ја напушта операционата сала.

8. Пост-хируршки третман на инструменти

Домаќинот на операцијата ги собира инструментите во металните кошници и ги става во соодветна метална кутија полна со раствор за деконтаминација - „Дидецил-диметил амониум хлорид“. По 15 минути, лицето од болницата ги префрла кошниците во контејнерот во кој биле претходно спакувани. Повторно затворени и безбедни за транспорт, контејнерите се поставуваат во „Шатл -количка“, соодветна за пренос на многу контејнери одеднаш.

9. Пост-хируршки третман на отпад

Кругот на процеси во операционата сала е завршен. Домаќинот ја става неговата наметка во корпа за отпад, ја затвора и ја напушта операционата сала. Се изнесува затворената црна корпа со отпад. Транспортот на корпите надвор од хируршкото одделение се врши согласно со локалните директиви за заштита на животната средина од ризик од биолошка контаминација.

10. Пост-хируршки третман на операционата сала

Вработените од болницата детално ја чистат операционата сала, по што следува процес на дезинфекција, со активна супстанца со помош на патентиран метод „Хигиенио“ кој овозможува плакнење со пареа, оставајќи слој од средствата за дезинфекција на секоја површина. Областа може да се користи по 5 минути од активната дезинфекција.

Останати услуги

Опслужување на операциони сали

Дознај Повеќе

Одржување и стерилизација на хируршки инструменти

Дознај Повеќе

Третман и управување со хируршки отпад

Дознај Повеќе

Развој и унапредување на услугата

Дознај Повеќе