Услуги

Третман и управување со хируршки отпад

Затворените црни корпи за медицински отпад, со специјално возило за транспорт на медицински отпад, се превезуваат до единицата за управување со отпад, каде се растовараат и складираат во приемното депо. Затворените корпи поминуваат низ детектор за метал за да се провери дали некој инструмент “залутал” во корпата за отпад.

Секоја корпа со отпад се мери одделно и добиените податоци се администрираат. Корпите се празнат во соодветни печки за согорување. Отпадот се согорува преку кинетичка енергија, овозможена од машина која достигнува 145 степени Целзиусови. Како дериват останува само пепелта.

Третман на црни корпи за медицински отпад. Испразнетите корпи за отпадоци се мијат и дезинфицираат. Откако ќе се исчистат, се складираат во специјално депо лоцирано во рамки на единицата за управување на отпад. На овој начин, тие се подготвени за понатамошна употреба.

Останати услуги

Опслужување на операциони сали

Дознај Повеќе

Одржување и стерилизација на хируршки инструменти

Дознај Повеќе

Третман и управување со хируршки отпад

Дознај Повеќе

Развој и унапредување на услугата

Дознај Повеќе