Носител на Конзорциумот
“СкопСтер” (РСМ)
Компанијата “СкопСтер“ претставува заедничко вложување на компаниите “Сервици Италија“, “Евита“ и “Делта Фарма“. Како резултат на експертизата, знаењето и искуството стекнати во текот на работењето низ годините и на различни пазари, раководниот тим на “СкопСтер“ е составен од група професионалци со различно искуство од областа на медицината, особено на активностите поврзани со управување и санирање на хируршки инструменти и медицински помагала.
Предводени од премисата за пренесување и имплементација на знаењето за интеграција на производи и услуги, целиме кон подобрување на перформансите во поддршка на хируршки активности преку употреба на ефективно и сертифицирано управување со инфективниот ризик во операционите сали.
Нашата мисија е воведување на нови процедури и технологии за зголемување на безбедноста и ефикасноста во рамки на оперативните зафати и сите инвазивни медицински активности – сѐ во согласност со Европските регулаторни стандарди Во фокус на нашето работење е ефикасно обезбедување на хируршки инструменти и стерилни медицински материјали за еднократна употреба, со високи перформанси и иновативни софистицирани практики за стерилизација и дезинфекција на хируршките одделенија во Северна Македонија.

Партнери во Конзорциумот

Сервици Италија (ИТ)
Групацијата “Сервици Италија“ е глобален партнер за обезбедување услуги на здравствени и индустриски сектори и водечки снабдувач на интегрирани решенија во здравствениот сектор. Откако го диверзифицираше и прошири својот опсег на услуги, компанијата стана лидер на пазарот и стручен провајдер во здравствениот сектор и индустријата. Благодарение на огромното искуство градено повеќе од 30 години, Групацијата управува со широк спектар на различни барања во областа на здравствениот сектор, во зависност од потребите на своите клиенти. Во рамки на услугите кои ги нуди компанијата, спаѓаат: Измивање и изнајмување на постелнина, пакувања за наметки и униформи за медицински персонал, душеци и перници; Стерилизација на текстил; Стерилизација и изнајмување на медицински прибор; Нега и одржување на здравствени објекти; Набавка, изнајмување, чистење и “следење“ на работна облека и опрема за лична заштита; Услуги за набавка, перење и изнајмување на постелнина за хотели и ресторани; Услуги од областа на клиничкиот инженеринг - валидација и систематска контрола на процесите на стерилизација, калибрација на опремата и валидација на системите за дезинфекција на хируршката опрема. Системот за техничка поддршка на хируршките капацитети за прв пат се имплементира во 2005 година (во Италија), а до сега е имплементиран во повеќе од 600 болници во многу земји низ светот.

Сани Сервис (АЛ)
“Сани Сервис“ е носител на концесија по пат на Јавно Приватно Партнерство, основана во 2015 година од неколку реномирани комплементарни компании - “Инвеститал“, “Сервици Италија“ и “Техносиманимед“. Компанијата работи на: Oбезбедување на персонализирани сетови на стерилни хируршки инструменти; Снабдување стерилен медицински материјал за еднократна употреба во хируршки одделенија; Третман на биохазарден отпад; Дезинфекција на хируршки одделенија и установи каде што се обезбедува оваа услуга, во рамки на Албанија. “Сани Сервис“, во рамките на ЈПП, ги обезбедува своите услуги во рамките на 5 Универзитетски Клиники, 23 Регионални Болници и 156 хируршки одделенија. Благодарение на досега спроведените активности, просекот на хируршки зафати на национално ниво е зголемен од 60.000 (пред почеток со работа на ЈПП) на 95.000 во период од 3 години. На целата територија на Албанија е спроведена ISO 9001 и EN13485 сертификација. Воедно, евидентен е и порастот во ефикасноста и продуктивноста во операционите сали за повеќе од 25%, како и намалување на инфекции како резултат на хируршки интервенции за 50% во период од 2 години (од 31,2% во 2015 година до 15,5% во 2017 година).